Објавено на:

БАЛКАНОТ СЛАВИ: Ѓоковиќ стана шампион на Австралија опен и испиша историја!

t

Новак Ѓоковиќ го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови 6:3, 7:6, 7:6 и ја освои 10. титула на Австралија опен. Ова е вкупно 22. Грен слем титула за Новак.

Тенисерот стигна до својата јубилејна 10-та титула на првиот Грен слем сезонава! Фантастичниот Новак Ѓоковиќ ја продолжи серијата на непобедливост на најмалиот континент и со победата над Циципас стигна до 28 последователни победи.


Одличен сет на Новак кој веќе стигна до брејк топки во вториот гем од првиот сет.
Новак одлично го започнуваше секој сервис гем на противникот и успеваше да го освои првиот поен во гемот, со што дополнително го притиска грчкиот тенисер кога и да сервира.
Новак искористи една таква ситуација, направи брејк на 2:1 и потоа мирно го заврши првиот сет со одлични сервиси во своја полза со резултат 6:3.


Уште пред почетокот на мечот знаевме дека сервисот ќе одигра важна улога, а Ѓоковиќ сервираше речиси перфектно во воведниот сет. Само еден од 18-те поени на првиот сервис загуби Новак, а кога на тоа ќе се додадат девет победници со само седум неизнудени грешки, постојано агресивни и прецизни враќања, јасно е дека Новак беше далеку подобар ривал во првиот сет.

Од почетокот на вториот сет беше забележливо дека Циципас ќе искористи се што знае и умее за да го промени текот на ова финале. Ја стегна играта од основната линија, сакаше да се наметне во размената, но форхендот на Новак беше стабилен и токму со тој удар ја одбрани првата сет топка за водство на Циципас од 5:4. Немаше брејк, но затоа следеа мини-брејкови во решавачкиот 13-ти гем, седум од првите девет поени ги освоија играчите кои го вратија сервисот, Новак повторно беше недопирлив кога се беше решено и го доби сетот со 7:4 во тај-брејк кој траеше час и 10 минути.

Во третиот сет по еден брејк на двете страни. Најпрво Циципас успеа да му го одземе сервисот на Новак, но веќе во следниот концентриран Ѓоковиќ успеа да го врати брејкот. Следеа десет гема без брејк топки, а како одминуваше сетот, Новак сервираше се подобро и подобро. Колку добро Новак го изведе воведниот удар покажува и податокот дека освои дури 17 поени во низа на свој сервис почнувајќи од петтиот гем од сетот.


Исто како и во вториот сет, победникот беше решен со тај-брејк. Новак тргна многу подобро, направи два мини брејка и со одлични сервиси стигна до големи 5:1 на смената на страната. Не чекавме долго да го видиме Новак како со кренати тупаници ја прославува 22. Грен слем титула во кариерата, иако Циципас успеа да се врати во „тринаесеттиот“ натпревар. На крајот 7:5 во тај-брејкот за 10. титула во Австралија.

За прв пат пред Надал по бројот на АТП титули


Новак ја освои 93-та АТП титула и првпат во кариерата го надмина Рафаел Надал по бројот на трофеи. Ѓоковиќ во 2010 година освои 16 турнири помалку од Шпанецот, а сега со 93 титули е на 4. место во историјата на АТП турнејата.

Пред него се Конорс со 109, Федерер со 102 освоени турнири и Иван Лендл, кој триумфираше на 94 турнири.

Повторно на врвот на АТП листата


По 7 месеци Ѓоковиќ повторно светски број 1! Утре на првото место ќе ја започне 374-та недела, а скокот од петтата на првата позиција е најголемиот досега направен од тенисер во полувековната историја на АТП турнејата кога го освои првото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…