БАРАЛЕ ДРОГА, НАШЛЕ ЧЕРЕП: Полициска рација во Белград отиде во неочекувана насока
Српската полиција за време на рација за дрога во куќа во Белград пронашла човечки череп во куќата. По наредба на обвинителството, черепот е даден на обдукција и ДНК анализа, објави српски Блиц.
Според неофицијални информациин, сопственикот на куќата рекол дека тоа е черепот на неговиот татко кој починал пред 45 години и бил погребан во семејната гробница.
Жителот на Белград, чиј идентитет не е откриен, наводно го видел черепот кога гробницата била отворена за да погребаат роднина.
Тој тогаш забележал дека недостасува долната вилица од черепот на неговиот татко и ги нема златните заби. Го зел черепот и го чувал дома во комода и не ја известил полицијата за случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
Авион на линија Тел Авив-Виена принудно слета…
Авион на линијата Тел Авив – Виена…
Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…
Денес се празнува Светиот апостол Тома
Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево со мала до умерена локална облачност.…