БАРА ОТШТЕТА: Ранетата наставничка од „Владислав Рибникар“ поднесе тужба
Ранетата наставничка од училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград каде лани во мај се случи масакр ги тужи родителите на ученикот кој го изврши масовното убиство.
Taa поднесе тужба против таткото и мајката на малолетниот напаѓач кој потоа уби девет ученици и еден училиштен чувар, а рани уште шест луѓе. Наставничката поднела тужба за надомест на нематеријална штета поради физичка болка, страв, намалување на животните активности и понижување, беше потврдено за Радио Слободна Европа од Вишиот суд во Белград. Ова е трето барање во граѓанската постапка против родителите на малолетниот напаѓач. Против таткото и мајката се водат и две граѓански постапки по тужби од семејства на жртвите во масовното убиство, а се однесуваат на надомест на нематеријална штета поради смрт на блиско лице.
Кривичната постапка против родителите, инструкторот и сопственикот на стрелиштето каде, како што се сомнева, малолетникот вежбал стрелање, започна во понеделникот на 29 јануари. Во овој судски процес обвинети се мајката и таткото на момчето, М.К и В.К, кое е во притвор од 3 мај, како и Р.И и Н.М., сопственик и инструктор на стрелачкиот клуб каде, како што е наведено во обвинението, сторителот научил да пука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…
САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…
САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…
Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…
Во тек е интервенција на пожарот во…
„Август е проклет месец“: Путин под притисок…
Украина му го отежна животот на Владимир…