(Видео) Барди и Трабзон поразени од Ц. Звезда во Белград
Црвена Звезда ја фати сламката за спас, која ѝ се укажа во дуелот со Трабзонспор, на Енис Барди, па со победа од 2-1 остана во игра за втората позиција во групата Х, од Лига Европа.
Првото поголемо возбудување го приреди токму македонскиот репрезентативец, кој во 34. минута биеше од далечина и ја погоди стативата од голот на Борјан. Домаќините ги израдува Катаи во 37. минута, но радоста траеше две минути, бидејќи Турците изедначија преку Бакасетас, по што на паузата важеше 1-1. Звезда имаше помалку од играта и од шансите во второто полувреме, но беше поконкретна, па преку Пешиќ, во 64. минута постави водство кое го одбрани до крајот. Енис Барди беше стартер за Трабзон, а беше повлече на клупата во 83. минута.
Оваа победа значи зрак на надеж за Звезда, која сега дојде до шест бода, колку што има и Трабзон и тоа со слична гол-разлика. Но, во последното коло, црвено-белите гостуваат кај Монако, кој е втор со седум бода, додека Трабзон на домашен терен игра против Ференцварош, кој е загарантирано прв, со 10 бода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…