Објавено на:

Барди: Најважно е да тргнеме со победа, а целта е – што повисок пласман!

t

Македонија вечерва го отвора осмиот евроквалификациски циклус за пласман на континентално првенство, во „група на смртта“, во која прва битка на црвено-жолтите е домашна пресметка со аутсајдерот во групата Малта, меч кој мора да се победи.

Македонската селекција од јуни кога двапати го победи Гибралтар во Лигата на нации нема триумф, па да се излечат сите рани, Малта е добредојдена, меѓудругото и да се сврти нов лист после неуспешниот последен циклус.

„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што нѐ очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме”, вели македонскиот репрезентативен фудбалер за врска Енис Барди.

Македонија е во група со европскиот првак Италија, европскиот вицепрвак Англија и секогаш незгодната Украина, најтешката група во овој квалификациски циклус за Еуро 2024 во Германија.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска го погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…