Објавено на:

Барди: Претрпевме тежок пораз што ја гори душата, но никогаш не се предаваме

t

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди порача денеска преку социјалните мрежи дека високиот пораз од Велс во мундијалските квалификации треба да делува мотивирачки пред мартовските плејоф натпревари за пласман на Светското првенство 2026.

Македонската репрезентација во вторникот во Кардиф загуби од Велс со 7-1 во завршниот натпревар во квалификациската група Ј и својот дебитантски настап на Светското првенство ќе се обиде да го избори преку плејофот во март.

„Тежок пораз, оној што ти ја гори душата. Сè уште сме во плејофот во март. Сè уште сме живи. Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгаси. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти. Ние не се предаваме. Никогаш“, порача Барди.

Денешната жрепка во седиштето на ФИФА во Цирих одлучи, македонската репрезентација на 26 март на гостински терен во полуфиналето да игра против Данска, а победникот во финалето ќе игра против поуспешниот од пресметката меѓу Чешка и Република Ирска. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…