Објавено на:

Барса бара начин да се ослободи од Левандовски

t

Каталонскиот спортски дневник Спорт денеска објави текст поврзан со најдобриот стрелец на Барселона, Роберт Левандовски.

Според авторот, спортскиот директор Деко и тренерот Чави на крајот од сезоната планираат неколку болни заминувања, а едно од нив треба да биде тоа на полскиот голгетер. Левандовски повеќе не е недопирлив и во клубот постојат сомнежи во врска со неговиот континуитет, а особено се прави споредба меѓу неговиот придонес на теренот и платата која идната сезона треба да изнесува околу 30 милиони евра.

Иако две сезони по ред е најдобар стрелец на Барселона, Левандовски играше на врвно ниво само во првата кампања и тоа до почетокот на Светското првенство во Катар. Оттогаш не е ни сенка на играчот кој дојде од Баерн, а тоа се гледа и по неговиот број на голови – само 16 во Ла Лига оваа сезона.

Напаѓачот има желба да остане во Барселона најмалку уште идната сезона, а можеби и две, со оглед на тоа што неговиот договор е со важност до 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…

Разбудени од кома двајцата полицајци што го…

Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…