Интер победи, Барселона продолжува во Лигата на Европа

t

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона вторпат по ред не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Вечерва Интер ја победи Викторија Плзен (4:0) и им ја одзеде шансата на Каталонците да се издигнат над третото место во групата Ц. Барселона заостанува шест бода зад Интер.

Шпанскиот клуб може да се изедначи со италијанскиот клуб по бодови, но во овој случај сепак ќе биде послаб во пласманот поради резултатите од меѓусебните средби.

Воедно, поразот на чешкиот тим и обезбеди на Барселона премин во 1/16 финалето од Лигата на Европа.

Минатата сезона Барселона исто така испадна од Лигата на шампионите и продолжи во Лига Европа каде стигна до четвртфиналето, во кое загуби од подоцнежниот победник на турнирот, Ајнтрахт Франкфурт. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…