Баскијците ѝ дадоа поддршка на Русија – знаме на Донбас се вееше во Билбао
Додека цела Европа застана обединета против руската агресија која веќе 277 дена трае врз Украина, сепак не сите на Стариот континент се против Русија, а тоа вчера го покажаа Баскијците.
На мечот во Билбао помеѓу Атлетик и Атлетико Мадрид, кој го добија гостите со 0-1, мечот остана во сенка на појавувањето на неколку знамиња на трибината на навивачите на баскиската гордост.
Срп и чекан и петокрака како симболи на екс-СССР, но и знаме на Донбас, еден од четирите украински региони кои неодамна беа анектирани после референдумот за припојување кон Русија.
Баскија заедно со Каталонија се двете најсепаратистички региони во Шпнија кои долго време се борат за независност. Интересно, ова не е првпат Баскијците да ѝ дадат поддршка на Русија, зашто во март годинава се појави знаме на „Новорусија“ (регионите од Украина кои сега се припоени кон Русија) и пароли против НАТО.
извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Им благодарам на нашите војници:“ Зеленски објави…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимки од…
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…
Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
Дуа Липа и Рита Ора ги поддржаа…
Популарните пејачки Дуа Липа и Рита Ора…
Во БиХ запленети 1,1 тони синтетичка дрога…
Властите на Босна и Херцеговина денеска објави…