Објавено на:

Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство за злосторства против човештвото

t

Сириски суд го осуди поранешниот претседател Башар ал-Асад на смрт во отсуство, прогласувајќи го за виновен за убиство со умисла, тортура, произволни апсења и злосторства против човештвото извршени за време на повеќегодишната војна во Сирија. Ова е прва пресуда против Асад откако неговиот режим беше соборен во декември 2024 година.

Смртни казни судот изрече и за повеќе поранешни високи функционери, меѓу кои братот на Асад, Махер ал-Асад, и неговиот братучед Атеф Наџиб, поранешен шеф на политичката безбедност во Дара.

За разлика од Башар и Махер ал-Асад, кои се во Русија, Наџиб присуствувал на изрекувањето на пресудата во судницата. Тој беше уапсен по падот на режимот и е еден од највисоките поранешни функционери што се најдоа пред судот на новите сириски власти.

Наџиб раководеше со политичката безбедност во Дара во 2011 година, каде апсењето и тортурата на група деца поради антивладини графити предизвикаа масовни протести. Бруталното задушување на демонстрациите потоа прерасна во востание и во граѓанска војна која траеше речиси 14 години.

Судот оцени дека Асад, како највисок носител на власта во тогашниот систем, бил одговорен за насочување на државните институции вклучени во тешките прекршувања. Меѓу делата за кои е осуден се тортура со смртни последици, намерни убиства и злосторства против човештвото.

Башар ал-Асад ја презеде власта во 2000 година по смртта на неговиот татко Хафез ал-Асад и остана претседател до декември 2024 година, кога бунтовничката офанзива го урна повеќедецениското владеење на семејството Асад. Тој потоа замина во Москва, каде и натаму се наоѓа.

Сириската Национална комисија за транзициска правда ја оцени пресудата како важен чекор кон утврдување одговорност за злосторствата од времето на поранешниот режим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство…

Сириски суд го осуди поранешниот претседател Башар…

Трамп во Анкара скришно во кетеринг-возило бил…

Американскиот претседател Доналд Трамп тајно го напуштил…

Швајцарија ја тресе скандал — полицијата со…

Десетици швајцарски владини официјални претставници биле тајно…

Со мопед се приближил и пукал со…

На 10.08.2026 во 14:45 часот на патот…

Судскиот совет и Здружението на судиите видоа…

Судскиот совет и Здружението на судиите на…