Бајден: Американското оружје нема да се користи за напад на Москва и Кремљ
Бајден, во интервју за ABC News, не одговори директно на прашањето дали оружјето од американско производство веќе е користено во напади на руска територија откако тој го потпиша овластувањето за Украина да гo користи, со ограничување дека се користи во областа околу Харков, која е под напад на руските сили.
Бајден, сепак, јасно стави до знаење дека не одобрува американско оружје да се користи за цел на рускиот главен град или седиштето на руската влада.
„Тие (Украина) се овластени да го користат во близина на границата кога руските сили напаѓаат одредени цели во Украина. Ние не одобруваме напади на 200 милји внатре во руската територија и не одобруваме напади врз Москва и Кремљ“, му одговори Бајден на новинарот на ABC News.
На прашањето дали е загрижен поради изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека „испораката на оружје со висока прецизност во Украина за напади на територијата на Русија е директно учество во војната“, тој рече дека го познава Путин повеќе од 40 години и дека го загрижува 40 години.
„Тој не е пристоен човек. Тој е диктатор и се бори да ја задржи својата земја обединета додека сè уште го продолжува овој напад. Не зборуваме за давање оружје за напад на Москва или Кремљ“, рече Бајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…