Бајден вети 150 милиони долари помош за земјите од југоисточна Азија
Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа отвори средба со лидерите на земјите од југоисточна Азија со ветување од 150 милиони долари за изградба на инфраструктурата, безбедноста, спремноста да се справат со пандемијата и други напори во тие земји.
Со лидерите од Асоцијација на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН) Бајден се сретна на свечената вечера синоќа во Вашингтон, а денеска во Стејт департментот започнуваат дискусиите со лидерите на Брунеи, Индонезија, Камбоџа, Сингапур, Тајланд, Лаос, Виетнам, Малазија и Филипини.
И покрај одземеното внимание со војната во Украина, со овој настан Администрацијата на Бајден се надева да покаже дека Вашингтон останува посветен и фокусиран на Тихоокенскиот регион и долгорочните предизвици од страна на Кина, во која САД гледаат главен конкурент на светската сцена.
Новите финансикски бврски кон овие земји вклучуваат инвестиции во инфраструктурата во висина од 40 милиони долари насочени кон нула издувни гасови во енергетиката, 60 милиони долари за безбедноста на морските води, 15 милиони за здавството за рана детекција на Ковид-19 и други пандемиски болести.
Дополнителни инвестиции ќе помогнат за развој на дигиталната економија и вештачката интелигенција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Политико: НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за…
Земјите од НАТО разгледуваат нова воена финансиска…
Центарот за македонски јазик од Лерин бара…
Центарот за македонски јазик од Лерин апелира…
Изгубена е жена во Скопје, последно е…
Во 15.15 часот во дворот на училиштето…
Израелските сили врзале со лисици и тепале…
Италијанскиот новинар Алесандро Мантовани денес изјави дека…
Рубио ѝ нуди помош на Куба, но…
Марко Рубио испрати порака до кубанскиот народ…