Објавено на:

Бајден: Во случај на пораз на Украина, цела Европа е под закана

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Европа е во опасност доколку успешно заврши руската специјална воена операција во Украина.
„Не се работи само за Украина, цела Европа е под закана. Нема да дозволиме тоа да се случи. САД цврсто стојат на страната на Украина. Ги поддржуваме нашите сојузници, ја поддржуваме и Франција. Нема, повторувам, нема да се повлечеме“, рече Бајден на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.
Бајден рече и дека Русија нема да застане само на Украина.
Во исто време, Макрон и Бајден ветија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина „колку што е потребно“.


„За време на денешните разговори Бајден и јас ги допревме сите важни светски теми. Ќе продолжиме да даваме поддршка, се додека тоа е неопходно“, рече Макрон.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин вчера за време на разговорот со главните уредници на големите светски медиумски компании на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург рече дека сите тврдења дека Русија има намера да го нападне НАТО се глупости, и дека таквите тврдења се „измислици со цел да ги измамат своите граѓани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…