Бајден во среда во Израел?!
Американскиот претседател Џо Бајден треба да го посети Израел во среда, јавува израелскиот Канал 12, пренесува Anadolu. Засега нема официјална потврда од Белата куќа или од израелската влада за посетата на Бајден.
Вчера израелската телевизија објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху упатил покана до американскиот претседател да го посети Израел во знак на солидарност поради тековната израелско-палестинска војна.
Бајден претходно го посети Израел во јули 2022 година.
Бомбардирањето на Газа трае веќе десет дена. Повеќе од еден милион луѓе, речиси половина од вкупното население на Газа, се раселени, според Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток.
Газа се соочува со хуманитарна криза без струја, додека останува без вода, храна, гориво и медицински материјали.
Цивилите бегаат на југ по израелското предупредување да ги евакуираат северните области.
Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа 2.750 Палестинци.
Претходно беше објавено дека меѓу загинатите во израелските напади има повеќе од 750 деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…
Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…
Рекордна излезност на изборите во Израел: До…
Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…
Излезноста во Израел достигна 16,7 отсто до…
Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…
Израелците денеска гласаат на парламентарни избори, неизвесна…
Граѓаните на Израел денеска излегуваат на парламентарни…
ИЗРАЕЛ ЈА ПОДИГНА ВОЕНАТА ГОТОВНОСТ НА НАЈВИСОКО…
Израелските вооружени сили ја зголемија борбената готовност…