Објавено на:

Бајден импресиониран од протестите во Иран: Ние сме на страната на храбрите жени

t

Ние сме на страната на граѓаните, на храбрите жени на Иран. Ова го изјави американскиот претседател Џо Бајден и истакна дека е многу импресиониран од тековните протести во земјата, пренесе Франс прес.

Бајден рече дека е погоден од протестното движење предизвикано од смртта на младата Иранка Махса Амини.

Тоа ослободи нешто во Иран што мислам дека нема да стивне уште долго, долго време, нагласи тој за време на вчерашната посета на Калифорнија.

Бајден пристигна во градот Ирвин, Јужна Калифорнија, за да одржи говор на сосема друга тема – трошоците за здравствената заштита во САД. Меѓутоа, кога виде група демонстранти кои држат плакати на кои пишуваше „Слободен Иран“, тој прво го сврте вниманието кон протестите што избувнаа во Иран по смртта на иранската Курдка Амини на 16 септември, три дена откако таа беше уапсена од морална полиција за кршење на правилата за облекување.

Жените треба да можат да носат што сакаат, за волја на Бога. Иран мора да стави крај на насилството врз сопствените граѓани кои едноставно ги уживаат своите основни права, додаде тој.

Покрај претседателот, поддршка за протестите во Иран вчера изразија и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој се сретна со претставници на иранската дијаспора во земјата и потпретседателката Камала Харис, која ја покани актерката и активистка Назанин Бониади.

„Сведоци сме на нешто извонредно низ целата земја, а го водат претежно жени и млади луѓе“, рече Блинкен.

Харис, пак, рече дека храброста на овие жени ја инспирирала и неа и светот, и вети соработка на Бониади Вашингтон „за да се осигура дека овие важни гласови ќе се слушнат, вклучително и преку олеснување на пристапот до Интернет“ во Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

Храната поскапи за 128% – Иранската валута…

Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Трамп демантира дека му понудил на Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…