Бајден им ги зголемува даноците на богатите Американци
Властите во САД ќе предложат даноците за граѓаните кои имаат приходи поголеми од 400.000 долари годишно, да се зголемат од 3,8% на 5%, пренесе агенцијата АП.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден планира и да се ограничат трошоците на федералната програма за здравствено осигурување „Медикер“ за лекови кои се се препишуваат на пациентите.
Целта на мерките е финансиско стабилизирање на државната програма за здравствено осигурување. Властите очекуваат мерките да го намалат буџетскиот дефицит за 159 милијарди долари.
Фондот што го финансира „Медикер“ ќе остане стабилен во следните 25 години или подолго, по 2050-та година, доколку предлозите стапат на сила, вели американскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…
Иранската војска ги предупреди САД: Новата војна…
Портпаролот на иранската војска, бригадниот генерал Мохамед…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
САД бараат од балтичките сојузници да не…
Официјални лица од Пентагон во последните недели…