Бајден и Зеленски ќе се сретнат во среда
Американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со Володимир Зеленски во среда, изјави американскиот помошник за национална безбедност Џејк Саливан.
„Утре претседателот ќе има можност да се сретне со Зеленски“, рече Саливан на брифингот во вторникот во Вилнус.
Самитот на НАТО се одржува во Вилнус од 11 до 12 јули и ќе ги собере лидерите на сите земји од алијансата. Претходно Саливан изјави дека Украина нема да стане членка на НАТО на претстојниот самит. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 19 јуни истакна дека во Вилнус и во рамките на подготовките за самитот, сојузниците не разговараат за формална покана за Украина, туку одржуваат консултации за тоа кои одлуки ќе го доближат Киев до приклучување кон алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…