Бајден и Нетанјаху разговараа за можно хуманитарно примирје
Американскиот претседател Џозеф Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараа за можно хуманитарно примирје во војната меѓу Израел и Хамас, изјави вечерва претседателот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
САД веруваат дека таквите прекини ќе им помогнат на цивилите да стигнат до побезбедни локации во Газа, како и дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите, а прекинот ќе доведе и до можно ослободување на заложниците, посочи Кирби.
„Размислувавме хуманитарен прекин на огнот веднаш на почетокот на разговорите, а не на крајот, така што можете да очекувате да продолжиме да се залагаме за привремени, локални прекини на огнот“, рече портпаролот на НСЦ, додавајќи дека САД сè уште не поддржуваат подолг прекин на огнот бидејќи таквиот потег би го искористил Хамас.
Како што истакнува Тајмс оф Израел, кога беше притиснат да каже дали американската дипломатија е сè уште ефикасна, имајќи предвид дека и Израел и сојузниците на САД во регионот одбија да поддржат хуманитарни паузи, Кирби ја отфрла оваа премиса и забележува дека Израел првично одбил да дозволи каква било помош во Газа, пред да го смени својот став по ова прашање и да дозволи влез на помош од Египет по „значителниот притисок на САД“.
Кирби рече дека Бајден, исто така, ја нагласил потребата да се „држат на сметка екстремистичките доселеници на Западниот Брег“, а истовремено „да се намалат заканите од терористичките групи кои се активни“ на таа територија.
Беше најавено и дека Бајден и Нетанјаху утре повторно ќе разговараат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху и Трамп разговарале за плановите на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со американскиот…
Нетанјаху најави војна до целосно уништување на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција изјави…
Трамп без јасен став за анексијата на…
Американскиот претседател Доналд Трамп избегна директно да…
Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа,…
Пред претстојниот состанок на Советот за национална…
Бајден им врачува медали на Хилари Клинтон,…
Хилари Клинтон, Џорџ Сорос и актерот и…