Бајден и Трамп постигнаа победи на „супервторник“, сè поизвесна е реприза на изборите од 2020 година
Актуелниот американски претседател Џо Бајден и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, постигнаа победи на прелиминарните избори во голем број на држави. Со тоа се отвора патот тие двајца повторно да бидат во трка на претстојните претседателски избори.
Бајден ја освоил номинацијата на демократите во 14 држави – плус Ајова, каде што се гласало по пошта. Тој победи во Алабама, Арканзас, Калифорнија, Колорадо, Мејн, Масачусетс, Минесота, Северна Каролина, Оклахома, Тенеси, Тексас, Јута, Вермонт и Вирџинија.
Единствениот пораз на американскиот претседател бил во американска Самоа, во јужниот дел на Пацификот, каде што победил Џејсон Палмер.
На републиканските прелиминарни избори Трамп триумфирал во Вирџинија, Северна Каролина, Тенеси, Оклахома, Мејн, Алабама, Масачусетс, Арканзас, Тексас, Колорадо, Минесота и Калифорнија.
Единствената ривалка на Трамп за републиканската номинација, Ники Хејли, освои најмногу гласови во Вермонт откако претходно победи во Вашингтон.
Според американските медиуми, гласовите од „супервторник“ ќе им овозможат на Бајден и Трамп брзо да го освојат мнозинството делегати, да ги освојат партиските номинации и повторно да се сретнат на изборите закажани за ноември годинава.
Претседателот Бајден објави дека милиони Американци јасно го слушнале својот глас и сугерираше дека гласовите во негова корист покажуваат дека електоратот сака да се бори, како што рече, против екстремниот план на Доналд Трамп да ги врати назад Американците.
Според Бајден, Трамп е фокусиран на одмазда и сака да ги укине основните слободи како што е способноста на жените сами да донесуваат одлуки за здравствената заштита.
Во обраќањето пред толпата во одморалиштето Мар-а-Лаго, Трамп рече дека ова е прекрасна ноќ.
„Не случајно го нарекуваат ’супервторник’. Ова е голема и славна ноќ“, изјави поранешниот американски претседател коментирајќи ги резултатите.
Трамп ја осуди економската и надворешната политика на Бајден, особено неговиот однос кон имиграцијата.
„Ќе ја направиме Америка повторно голема, поголема од кога било досега“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…