Објавено на:

Бајден и Шолц разговараа за ситуацијата во Украина, енергетските пазари и подобрувањето на стабилноста на Западен Балкан

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска телефонски разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц за ситуацијата во Украина, енергетските пазари и подобрувањето на стабилноста на Западен Балкан, соопшти Белата куќа.

Бајден и Шолц разговарале за притисокот од санкциите врз Русија, помошта за Украина и ситуацијата на енергетските пазари.

Нагласено е дека лидерите на двете земји конкретно ја изразиле својата „заложба да ја повикаат Русија за одговорност за нејзините брутални дејствија и да обезбедат безбедносна и економска помош за Украина“.

„Лидерите разговараа и за неодамнешните случувања на глобалните енергетски пазари и важноста од обезбедување на одржливо и достапно снабдување со енергија. Дополнително, се разговараше за напорите за подобрување на регионалната стабилност и просперитет на Западен Балкан“, се вели во соопштението. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР со предупредување на стартот на седмицата:…

Времето денеска ќе биде променливо облачно и…

Четири активни пожари и четири под контрола,…

На ден 23/24.08.2026 година, до 07:30 часот,…

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…

Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…