Објавено на:

Бајден: Не сакам да слушам повеќе лаги за несовесно трошење

t

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја бранеше својата економска политика на Конвенцијата на Сојузот на американските синдикати што се одржа во Филаделфија, во време кога на Волстрит расте стравот од рецесија.

– Волстрит не ја изгради оваа земја, средната класа ја изгради оваа земја. Не сакам да слушам повеќе лаги за несовесно трошење. Ги менуваме животите на луѓето – истакна Бајден и додаде дека доколку инвестициските банкари штрајкуваат, нема многу да се смени во американската економија, пренесува Гласот на Америка.

Бајден разговараше со околу 2.000 членови на синдикатот, лидери и државни и локални функционери на Четиригодишната конвенција на Американската федерација на трудот и конгресните индустриски организации (AFL-CIO), на која лидерите на синдикатот се согласуваат за стратегија за идна акција.

Федерацијата вклучува 57 синдикати со членство од 12,5 милиони работници.

Бајден потсети и на редиците за храна и затворањето на работните места за време на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп и посочи дека стапката на невработеност денеска е на рекордно ниско ниво.

– Каков контраст. Обичните луѓе чекаа во ред цел час за да купат вреќа храна, а политиката на Трамп создаде повеќе милијардери од кога било досега во американската историја – истакна Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Морничава изјава на Бајден: Канибали можеби го…

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џозеф…

Предлог-законот на Претставничкиот дом за помош на…

Претставен е предлог-законот на Претставничкиот дом на…

Пентагон: Ситуацијата во Украина се менува во…

Ситуацијата на бојното поле во Украина се…

Спречување на малигни влијанија, инвестиции, независни медиуми……

Одборот за надворешна политика на американскиот Сенат…

Американскиот советник за национална безбедност: САД има…

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан…