БАЈДЕН ПАК НАПРАВИ ГАФ! Побара хуманитарна пауза за извлекување на „затворениците“, наместо на „заложниците“ од Газа
Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека треба да има хуманитарна „пауза“ во конфликтот помеѓу Израел и Хамас.
– Мислам дека имаме потреба од пауза. Пауза значи да се даде време да се извлечат затворениците – изјави 80-годишниот демократ.
Белата куќа подоцна појасни дека Бајден кога кажал „затворениците“ мислел на заложниците, кои ги држи Хамас.
Претходно, Белата куќа беше категорична дека нема да се меша како Израелците да ги спроведуваат своите воени операции како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.
Со својата изјава, Бајден изврши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да им даде на Палестинците барем краток прекин на тековната воена операција, во која загинаа илјадници луѓе и ја втурна палестинската енклава во хуманитарна криза, објавија американски медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев: Филипче не знае каде тера, прво…
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава…
Студентите и оваа година ќе добиваат 840…
За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…
Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…
Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…
Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…
Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…
Почина бизнисменот Огњан Циговски
По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…