Бајден: Последиците од војната во Украина се чувствуваат далеку од Европа
Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека последиците од војната во Украина се чувствуваат многу подалеку од Европа и дека затоа Јапонија се вклучи во пружањето помош на Киев.
„Јапонија покажа силно лидерство и придонесе со значителен износ на финансиска и хуманитарна помош за Украина, како и несмртоносна воена опрема“, рече Бајден одговарајќи на прашање на новинарите по трилатералниот самит со јапонскиот премиер Фумија Кишида и Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, според Си-Ен-Ен – Ен.
Тој додаде дека кога му се јавил на Кишида во врска со Украина, не морал да го убедува „во ништо“.
„Замислете да не направиме ништо. Каква порака би испратила тоа до Кина за Тајван? Каков вид на сигнал би бил испратен низ светот? Русија веќе изгуби. Не може да ја исполни својата првобитна цел. Тоа не е можно. Јапонското раководство беше критично од првиот ден, со што јасно стави до знаење дека последиците од војната се протегаат многу подалеку од Европа“, рече Бајден, пренесе Танјуг.
Тој посочи дека руската инвазија не е само европски проблем бидејќи „таков вид на инвазија немало од Втората светска војна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…