Објавено на:

Бајден првпат во јавноста по објавата дека боледува од тешка болест: Откри какви се прогнозите

t

Поранешниот американски претседател Џо Бајден се појави во јавност за првпат откако објави дека боледува од карцином на простата. Во Меморијалниот парк на ветераните во Делавер, 82-годишниот Бајден одржа говор посветен на американските воени херои, при што истакна дека политиката во САД станала длабоко поделена и полна со горчина.

По говорот, Бајден одговори на прашања од новинарите за неговото здравје и порача дека прогнозите се охрабрувачки.

„Се чувствувам добро. Прогнозите се добри. Сѐ решаваме. Напредуваме. Добро се чувствувам“, рече Бајден, додавајќи дека лекарскиот тим е оптимист и дека очекува да го победи ракот.

Тој објасни дека е започнат третманот и дека засега зема терапија во форма на апчиња. „Ќе земам една таблета во следните шест недели, а потоа друга. Се очекува дека ќе можеме да го победиме ова“, истакна Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неготинец измамен за близу 27 илјади денари…

Неготинец бил измамен за близу 27 илјади…

Филмски грабеж во Суботица: Ја претепа вработената,…

На улицата „Рудиќ“ утринава во Суботица се…

Скопјанец и покрај забраната се обидел да…

Ноќеска во 03:00 часот во СВР Скопје…

Владата уште нема планови да го намали…

Цената на нафтата на светските берзи вчера…

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Абази го спаси Филипче

ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека поранешниот министер за здравство…