Бајден прими четврта доза вакцина
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја прима втората бустер доза вакцина против коронавирус, соопшти Белата куќа.
Бајден (79) ќе ја добие четвртата доза од вакцината откако ќе и се обрати на јавноста на новата владина веб-страница COVID.gov, која треба да помогне да се одговори на пандемијата и да обезбеди информации за тестирање и вакцинација.
-Дозата ќе му ја даде член на медицинскиот персонал во Белата куќа, изјави портпарол.
Бајден ќе ја прими вакцината еден ден откако САД одобрија четвртата доза на вакцините на Фајзер/Бионтек или Модерна за луѓе над 50 години, бидејќи властите предупредуваат на потенцијален нов бран предизвикан од БА. 2 подваријантата на омикрон. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Грција ќе се ексхумираат 150 гробови…
Пет години по погребите, распаѓањето на телата…
Истрага во Британија: 23.000 луѓе умреле од…
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон имал лош…
Детектирана е нова варијанта на Ковид-19 во…
Нова варијанта на коронавирусот моментално циркулира во…
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
Бајден им врачува медали на Хилари Клинтон,…
Хилари Клинтон, Џорџ Сорос и актерот и…