Бајден: Пристапот на Нетанјаху во Газа е погрешен
Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон војната во Газа е погрешен, објави американскиот претседател Џозеф Бајден.
„Мислам дека тоа што го прави е погрешно. Не се согласувам со неговиот пристап“, рече Бајден во интервју за „Univision“, американската ТВ мрежа на шпански јазик што се емитуваше во вторник.
Тој апелираше до израелските власти, како што рече, едноставно да повикаат на прекин на огнот во траење од шест до осум недели и да овозможат целосен пристап до хуманитарната помош наменета за населението во Газа зафатена од војна.
Бајден, исто така, рече дека во разговорите со лидерите на земјите од регионот, од Саудијците, Јорданците до Египќаните, добил уверување дека се подготвени да започнат со испорака на помош и дека тоа треба да се направи веднаш.
Белата куќа минатата недела објави дека Бајден, во разговор со Нетанјаху, се заканил дека американската поддршка за израелската офанзива ќе ја условува со преземање конкретни чекори за заштита на хуманитарните работници и цивилите.
Повикот уследи по израелскиот воздушен напад во кој загинаа седум работници на хуманитарна помош од организацијата Светска централна кујна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…