Бајден: Путин е во неверојатно тешка ситуација
Американскиот претседател Џо Бајден ги оквалификува руските напади врз украински цивили како знак на слабост од страна на рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА.
„Мислам дека Владимир Путин е во неверојатно тешка ситуација“, рече Бајден. „Рускиот лидер „се обидува да ја заплаши Украина да ја натера да капитулира. Но, тоа нема да се случи“, рече Бајден одговарајќи на новинарско прашање.
Во Велика Британија, началникот на ГШ на британските вооружени сили, Тони Радакин ја осуди нуклеарната реторика на рускиот претседател како „крајно неодговорна“ и ја повика меѓународната заедница да остане обединета во својата опозиција.
„На Путин не му останаа многу опции. Оттаму потекнува нуклеарната реторика“, рече тој во говорот.
Радакин одби да коментира за тоа што мисли за веројатноста Путин да се подготвува да изврши нуклеарен напад врз Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦЕЛ ОСТРОВ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА: Целосен колапс…
Шпанскиот остров Ла Палма, во Канарскиот архипелаг,…
Костовски: Крај на узурпацијата на јавниот простор,…
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, порача…
САЈБЕРНАПАД ВО ШВЕДСКА: ХАКЕРИ ГИ ПРЕГРЕАЛЕ ФРИЖИДЕРИТЕ…
Сајбернапад врз системите за ладење и замрзнување…
Нафтата над 117 долари, ОПЕК+ не попушта:…
Седум земји од ОПЕК+ одлучија денеска во…
Зеленски е подготвен за директни преговори со…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е…