Објавено на:

Бајден разговарал со Шведскиот премиер за влез на земјата во НАТО

t

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска во Белата куќа се среќава со премиерот на Шведска Улф Кристерсон при што двајцата ќе разговараат за барањето на Шведска за влез во воената алијанса НАТО, а во позадина на напорите да се надминат забелешките на Турција.

Средбата се случува во предвечерието на патувањето на Бајден во Европа и неговото учество на самитот на НАТО во Вилнус. Постојат сомнежи дека Турција може навреме да ги повлече своите забелешки за во текот на самитот НАТО земјите да ја примат Шведска како 32 членка на алијансата.

Средбата на Бајден со Кристерсон во Овалната соба во Белата куќа се прави да се демонстрира цврстата поддршка на САД за членството на Шведска.

-Претседателот Бајден и премиерот Кристерсон ќе ја разгледаат нашата растечка соработка во областа на безбедноста и ќе ја потврдат својата позиција за тоа дека Шведска треба да стапи во алијансата колку што е можно побргу, се вели во изјавата од Белата куќа.

Турција има забелешки за влезот на Стокхолм поради тоа што таму се кријат членови на курдски милитанти, кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги смета за терористи и бара нивно предавање.

Финска и Шведска заедно побараа членство во НАТО по почетокот на руската инвазија на Украина. Првата веќе стапи во алијансата како 31 членка на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…