Бајден: Русија би направила сериозна грешка ако употреби тактичко нуклеарно оружје

t

„Русија би направила неверојатно сериозна грешка со користење на тактичко нуклеарно оружје“, рече Бајден.

Нема гаранции дека станува збор за т.н. операција под лажно знаме, а секое распоредување на нуклеарно оружје „би било сериозна, сериозна грешка“, рече американскиот претседател.

Неговиот коментар уследи откако Русија прво наведе дека Украина планира да фрли „валкана бомба“, што беше демантирано од Украина, како и САД, Франција и Велика Британија.

Директорот за комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, во понеделникот изјави дека нема апсолутно никаква вистина во тврдењата на Москва дека Украина планирала да активира „валкана бомба“, а потоа за тоа ја обвини Русија.

„Тоа едноставно не е вистина. Знаеме дека не е вистина“, рече Кирби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во вториот квартал од годинава за 1,5…

Бројот на активното население во второто тримесечје…

Трамп сака конфликтот во Украина да заврши…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар

Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…

Хорор: Прилепчанец ја силувал малолетната поќерка

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(48)…

Романија ги доби првите 2,5 милијарди евра…

Романија ја доби првата исплата од 2,5…