Објавено на:

Бајден се сретна со двајца украински министри во Варшава

t

Американскиот претседател Џо Бајден се сретна со украинскиот министер за надворешни работи и министерот за одбрана во Варшава. Oва е прва средба на Бајден со високи украински претставници од почетокот на војната. Тој разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на долга маса на која присуствуваа и украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, американскиот државен секретар Антони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин.

Кулеба и Резников пристигнаа во Варшава ненајавено. Средбата се одржа во салата на хотелот во Варшава каде Бајден ја помина ноќта и се вееја украински и американски знамиња.

Четворицата министри „разговараа за исходот од самитот на НАТО на 24 март во Брисел и непоколебливата посветеност на Соединетите Држави за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

„Вие сте во центарот на битката меѓу демократиите и автократиите“

Блинкен и Остин „ја ветија континуираната поддршка во исполнувањето на хуманитарните, безбедносните и економските потреби на Украина“, се вели во соопштението. Американскиот претседател се сретна со министерот за надворешни работи на Украина во Вашингтон на 22 февруари, два дена пред почетокот на руската инвазија. Блинкен потоа се сретна со Кулеба во Полска, на границата со Украина, на 5-ти март.

Американскиот претседател, кој пристигна во Полска во петокот по серијата меѓународни состаноци во Брисел, во сабота треба да разговара со полскиот колега Анджеј Дуда, да ги посети украинските бегалци во засолништето отворено на државниот стадион во Варшава и да одржи говор во Кралската Палата во Варшава.

Посетувајќи ги американските војници од 82-та воздушно-десантна дивизија стационирана во југоисточна Полска еден ден претходно, Бајден го пофали отпорот на украинскиот народ, и го нарече рускиот претседател Владимир Путин „воен злосторник“.

„Вие сте во центарот на битката меѓу демократиите и автократиите“, им рече тој на војниците. „Тоа што го правите е важно, навистина важно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…