Бајден: Украина ги има истите права што ѝ припаѓаат на секоја суверена нација

t

Русија бесрамно ги прекрши основните принципи, рече Бајден.

„Во последната година, нашиот свет доживеа голем пресврт и брутална, непотребна војна што беше избрана од еден човек“, рече Бајден.

Бајден вели дека Владимир Путин отворено ѝ се заканувал на Европа со нуклеарно оружје, додавајќи дека Русија повикува повеќе војници во борбата и дека Кремљ се обидува да анектира делови од Украина.

„Светот треба да ги види овие срамотни дејствија какви што се“, рече тој.

Бајден додаде дека војната е започната со цел да се уништи правото на Украина да постои како држава и правото на Украинците да постојат како народ. „Каде и да сте, каде и да живеете, во што и да верувате… Тоа треба да ви ја заледи крвта“, рече Бајден.

„Ако нациите можат да ги остварат своите империјални амбиции без последици, тогаш ние го загрозуваме сето она за што оваа институција се залага“, рече американскиот претседател.

„Украина ги има истите права што ѝ припаѓаат на секоја суверена нација. Ќе се солидаризираме со Украина против руската агресија и насилство“, рече Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…

ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…

САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…

Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…

„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…

Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…

СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…

Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…