Бајден ѝ го честиташе на Османи Денот на независноста на Косово

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден упати честитка до претседателката на Косово, Вјоса Османи, по повод 16-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, во која, меѓу другото, се вели дека Косово треба да продолжи да учествува во дијалогот со Србија со помош на Европската унија, бидејќи овој процес е важен за постигнување нормализација и меѓусебно разбирање, пишува Репортерс.
Американскиот претседател во писмото наведува дека Косово и САД споделуваат стабилно пријателство и партнерство зајакнати со заедничката визија за помирен, побезбеден и просперитетен регион.

„Во име на народот на Соединетите Држави, ви ги упатувам нашите најдобри желби вам и на народот на Косово додека го прославувате Денот на независноста на 17 февруари. Косово и Соединетите држави споделуваат трајно пријателство и партнерство – зајакнати со нашата заедничка визија за помирен, побезбеден и попросперитетен регион. САД силно го поддржуваат мултиетничкото Косово и неговата интеграција во европските и евроатлантските институции. Ние, исто така, продолжуваме да го поддржуваме Дијалогот предводен од ЕУ за постигнување сеопфатен договор за нормализација со Србија, бидејќи тоа е важен чекор кон конечното меѓусебно признавање. Заедно со државите од регионот и од целиот свет, САД го охрабруваат раководството на Косово да ги исполни сите свои обврски, вклучително и сите претходни договори постигнати преку овој процес“, се вели во писмото на вели американскиот претседател.

Тој додава дека со нетрпение очекува да продолжи заедничката работа за градење инклузивен економски раст, зајакнување на демократските институции и подобрување на владеењето на правото.

„Исто така, со нетрпение ја очекувам нашата континуирана безбедносна соработка и заедничките напори за унапредување на реформите неопходни за конечно постигнување на целта на Косово за интеграција во ЕУ. И заедно ќе продолжиме да се залагаме за слободата, вклучително и со Украина пред бруталната агресија на Русија“, се вели во писмото на Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…

Спајиќ: Црна Гора ја сака Србија, но…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во интервју за…

Вучиќ: Остануваме на европскиот пат за да…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по враќањето од…

Вучиќ: Големи се шансите Косово да стане…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна…

Косово наскоро добива Агенција за сајбер безбедност

Се очекува наскоро да почне со работа…