Објавено на:

БГНЕС: Белград се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија

t

Српската државна телевизија РТС отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува денес БГНЕС. 

Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“, според БГНЕС, се сугерира дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на Македонците”.

„Пред 5 години РМ го смени името како услов да продолжи со евроинтеграцијата, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат регистрирани како малцинство во преамбулата на уставот, а претставуваат само 0,19 отсто од населението“, се вели во извештајот.

Во информациите на РТС, покрај „опасноста од Бугарите, не е испуштена и другиот дежурен непријател – Албанците кои го загрозуваат интегритетот на државата“, пишува БГНЕС.

„Аргументите против „опасните измени на Уставот“ на РТС целосно се поклопуваат со пропагандата на Христијан Мицкоски кој ги плаши сонародниците дека „бугарскиот диктат“ секој ден по донесувањето на т.н „француски предлог“ кој го отвора патот на земјата за преговори за членство во ЕУ, коментира БГНЕС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…