БДП во првиот квартал со раст од 1,2 отсто

t

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1.2%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19.6%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.5%; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4.8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 72.0%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0.5%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства (во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија на пат да издвојува 3,5% од…

Германските трошоци за одбрана ќе се зголемуваат…

Германската економија ќе стагнира три години по…

Германската влада ја намали прогнозата за раст…

Битиќи: Јавниот долг веќе достигна 70 проценти…

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи од собраниската…

Tрамп смета дека членките на НАТО треба…

 Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави…

Раст на кинескиот БДП околу пет проценти…

Бруто домашниот производ на Кина се очекува…