Објавено на:

Германија на пат да издвојува 3,5% од БДП за одбрана

t

Германските трошоци за одбрана ќе се зголемуваат за 0,2 проценти од бруто домашниот производ секоја година, објави министерот за одбрана Борис Писториус. Од 2,1 процент од БДП минатата година, инвестициите би можеле да достигнат 3,5 проценти до 2032 година, изјави Писториус во вторник на маргините на министерскиот состанок во Брисел, објави агенцијата ДПА.

Ова се совпаѓа со целта за конвенционални трошоци за одбрана предложена од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Дополнителни 1,5 проценти, според идејата на Руте, треба да се издвојат за инфраструктура што е од корист за војската, на пример, за железници, мостови што можат да издржат тенкови и за проширување на пристаништата. Германија може барем делумно да ги постигне овие цели со посебен фонд до 500 милијарди евра што владата го усвои претходно оваа година. Зборувајќи за долгорочната цел на НАТО земјите-членки да издвојуваат пет проценти од БДП за одбрана, Писториус рече дека тоа не може да се постигне за една година.

Станува збор за постигнување на целите за воена способност во рамките на НАТО, објасни социјалдемократскиот министер. Министерот за надворешни работи Јохан Вадефул, член на Христијанско-демократската партија на канцеларот Фридрих Мерц, минатата недела на состанокот на НАТО во Турција го поддржа барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да се оди на пет проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…

Кола намерно влета во луѓе во Германија,…

Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…

Германската агенција за вработување се противи на…

Германската влада планира да ја преполови квотата…

Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…

Германската федерална влада планира широка соработка со…