Tрамп смета дека членките на НАТО треба да одвојат пет отсто од БДП за одбрана
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, што е повеќе од сегашната цел од два отсто.
-Сите можат да си го дозволат тоа, но тие треба да бидат на пет проценти, а не два проценти, рече тој за време на прес-конференцијата во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида. „Јас сум тој што ги натера да платат два отсто“, продолжи тој.
Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, долго време беше критичар на НАТО, тврдејќи дека многу европски членки не сакаат да плаќаат за својата одбрана и наместо тоа се потпираат на американските даночни обврзници.
На минатогодишниот предизборен митинг тој рече дека ќе ја „охрабри“ Русија „да прави што сака“ на земјите од НАТО кои не трошат доволно за одбрана
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…