БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје од 2026
Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 4.3 % во второто тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период лани. Поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21.9 % и од 5.1 % во секторите Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.
Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за 7.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83.2 %.
Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2026 година номинално растат за 14.5 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2026 година, во однос на второто тримесечје од 2025 година, е 4.0 %.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…
Очекуваме годината да ја завршиме со раст…
Мицкоски за растот на БДП од 4,3%:…
Во вториот квартал, во второто тромесечие имаме…