Објавено на:

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА – полицијата откри во која состојбата е новороденчето

t

Како што јавуваат медиумите од регионот, вчера во Хрватска е пронајдено бебе завиткано во ќебе и оставено во контејнер.

Според информации добиени од тамошните полициски претставници, бебето кое синоќа некој го остави во контејнер во Запрешиќ, Хрватска е надвор од животна опасност.

– Загрепската полиција во рок од 24 часа потврди дека бебето пронајдено кај Запрешиќ е надвор од животна опасност – објави „Курир.рс“.

По пријавата и откривањето, полициските службеници повикале брза помош и новороденчето било пренесено во болницата Свети Дух. Засега не се знае која е мајката.

Да потсетиме, во Запрешиќ кај Загреб беше пронајдено бебе завиткано во ќебе и фрлено во контејнер. Според првите информации од местото на настанот, бебето било облеано во крв и имало повреди на главата.

На местото каде што е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете кое побарало помош од минувачите. Не се знае дали има врска со бебето или е случаен минувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…

Прилично глупав потег е тоа што потрошив…

Илон Маск изјави дека се чувствува „прилично…

Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…

Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…

Почна вакцинацијата на овците и козите против…

Масовната вакцинација на овците и козите против…

Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…