БЕГ наплати 553.000 евра дивиденда од фирмата што го снабдуваше Скопје со парно!

t

Скопјани постојано се жалеа на ладни радијатори и на високи сметки за парно. РКЕ неодамна ги одзеде лиценците на трите фирми ќерки на БЕГ (производство, дистрибуција и снабдување со парно греење) Свежо е сеќавањето на почеток на декември лани кога беше драматично и државата го превзеде и гарантираше за снабдувањето со топлина за Скопје… А еве го податокот што може да ве „обори с ногу“ … Фирмата што ги снабдува скопјани со парно лани платила над половина милион евра дивиденда на својата фирма – мајка БЕГ!

Балкан Енерџи Груп (БЕГ) лани наплати 553.000 евра дивиденда од својата фирма-ќерка која до лани ги снабудваше скопјани со парно (топлинска енергија)„Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“, ова е официјален податок што е објавен во годишниот извештај (консолидиран) за работењето на „Балкан Енерџи Груп“ фирма која ги снабдуваше скопјани со парно преку своите три фирми ќерки. Целиот документ е достапен на следниот линк https://mse.mk/Objavi/Repository/Announcement.

Конкретно ова што е тема на денешниот текст е во целост превземено од страница 14 од Годишниот извештај за работењето на БЕГ каде во делот „Финансиски показатели на работењето“ е наведено дека фирмата – мајка БЕГ ланската година ја заврши со профит од 560.000 евра. Дејноста на БЕГ е инвестиции, производство, трговија и советодавни услуги. Токму за корпоративно управување со трите фирми ќерки (производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија) лани наплатил 400.000 евра.

БЕГ е контролирано од Битар Холдингс Лимитед (БХЛ), кој поседува 100% од капиталот. Крајно матично претпријатие на Групата е PJSC TGC-2 (Russia). Во податоците достапни во извештајот пишува дека лани БЕГ на својот сопственик БХЛ на име дивидедна му префрлил 471.500 евра.

БЕГ во Македонија, поточно во Скопје, има бизнис што е регулиран од државата преку Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) која ги утврдува цените по кои граѓаните, институциите и фирмите го плаќаат парното односно топлинската енергија. Со оглед на тоа дека бизнисот е регулиран, постојат ограничувања за профитабилноста на компаниите. 

БЕГ Скопје е основано на 9.08.2012 година од основачите Битар Холдингс Лимитед од Велика Британија и Кардикор Инвестментс Лимитед од Кипар. Во текот на 2014 година влогот на Кардикор Инвестментс Лимитед е префрлен на Битар Холдингс Лимитед, со што Битар Холдингс Лимитед станува 100% акционер на Друштвото. На 31.12.2021 година основната главнина на Друштвото е поделена на 250 акции со номинална вредност од 200 евра по акција. Сите 250 акции се во сопственост на Битар Холдингс Лимитед.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…