Безвизниот режим нa Македонија со ЕУ не е загрозен, стои во најновиот извештај на ЕК

t

Сите европски земји и територии продолжуваат да ги усогласуваат своите визни политики со ЕУ и ги уживаат придобивките од безвизниот режим , а единствената земја на континентот чијшто безвизен режим во моментов е под закана е Грузија , поради неодамнешните превирања во таа земја.

Комисијата на ЕУ го усвои седмиот извештај во рамките на Механизмот за суспензија на визите, кој слуќи за следење на безвизните режими што ги има ЕУ со своите партнери од Западен Балкан. 

„За соседството на ЕУ, продолжувањето на процесот на визна либерализација останува моќна алатка за поддршка на реформите и зајакнување на соработката со ЕУ во областа на миграцијата, управувањето со границите и безбедноста. Комисијата смета дека Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Македонија и Србија презеле мерки за да одговорат на неколку препораки дадени во шестиот извештај во рамките на Механизмот за суспензија на визите. Сепак, тие сè уште треба да преземат дополнителни активности, особено за усогласување на нивната визна политика со визната политика на ЕУ“, се вели во последниот извештај.

За Украина и Косово се наведува дека и натаму има услови за безвизен режим, но мора да бидат преземени мерки од препораките на Комисијата на ЕУ, додека за Грузија се размислува за суспендирање на визите за одредени категории на граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…

По остварена средба со претставници на дел…

ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…

Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…

Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…

Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…

Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…