Безживотно тело на битолчанец (66) извлечено од водите на реката Драгор
Телото на 66-годишник од Битола било пронајдено во водите на реката Драгор, информираат од полицијата.
Велат дека вчера било пријавено дека во населбата „Кланица“, кај местото викано „Дрвено мовче“, во водите на Драгор е забележано безживотно тело.
По извршеното препознавање утврдено е дека станува збор за В.К.(66) од Битола, за кого на 2 јуни негов роднина пријавил во полиција дека се оддалечил од домот и му се губи трагата.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Безживотно тело на битолчанец (66) извлечено од…
Телото на 66-годишник од Битола било пронајдено…
Битолски историчар – изгоре објект стар 120…
Битола денеска го загуби најрепрезентативниот стопански објект…