Без дозвола собирале шумски плодови на Шар Планина, приведени четворица Албанци

t

На 15.08.2024 во 16:30 часот на место викано „Бриставец“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со мотопатролна служба на Национален парк „Шар Планина“ ги привеле В.Б.(38), Б.Н.(56), К.Н.(28) и А.Б.(64), сите од Република Албанија, поради сторен прекршок по член 104 од Законот за заштита на природата и илегално преминување на државната граница помеѓу Република Албанија и Република Македонија.

Тие биле затекнати како собираат шумски плодови без соодветна дозвола што ја издава Национален парк „Шар Планина“, а во нивното возило „нисан навара“ со албански национални ознаки биле пронајдени шумски плодови.

Пронајдените плодови биле предадени на националниот парк, а лицата биле предадени на Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…