Без коментар: Мицкоски му забележува на Филипче, не дошол да се претстави пред него и пред Сиљановска-Давкова

t

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на македонската влада, Христијан Мицкоски, во интервјуто за неделникот „Фокус“ вели дека не сака да ги коментира состојбите во СДСМ бидејќи според него, тие минуваат низ еден специфичен циклус, по што иако нема никакви индиции, тој очекува да следи внатрешна катарза. Мицкоски смета дека првиот тест за СДСМ ќе бидат локалните избори, по кои многу работи ќе бидат појасни.

Сепак, тој му забележува на новиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, затоа што не се сретнале по неговиот избор за прв човек на опозициската партија, како што тој го сторил тоа по Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија.

„Очекувам да води автономна политика. Сепак, мислам дека шансата за прв впечаток ја испушти. Откако беше избран, логично беше да се претстави пред авторитетите на државата, како што тоа го направив јас во јануари 2018 година. Да побара средба кај претседателката, кај мене како премиер. Така беше тогаш, јас кога бев избран. Побарав средба кај тогашниот претседател Ѓорге Иванов, кај тогашниот премиер Зоран Заев. Таа шанса Филипче ја пропушти, а не верувам дека има втора шанса за прв впечаток, па ќе видиме како понатаму ќе се развива како претседател на СДСМ“, вели Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18+ видеа од познати жени објавени во…

Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…

Епидемијата на чума во Сибир излегува од…

Ситуацијата со епидемијата на чума во рускиот…

САД ги повлекоа сите Б-1 бомбардери од…

Соединетите Американски Држави ги повлекоа сите бомбардери…

Се затовра ли уште еден теснец: Експлозии…

Повеќе експлозии биле забележани во непосредна близина…

Наводи за нов напад врз саудискиот нафтовод…

Се појавија непотврдени информации за нов напад…