Без против и воздржани: Теодора Ефтимовска Бојковска предложена за судија во Уставниот суд

t

Комисијата за прашања на изборите и именувањата при Собранието едногласно ја предложи судијката Теодора Ефтимовска Бојковска од Основниот суд Гостивар за нова судијка на Уставниот суд.

Предлогот бил усвоен на денешната 65. седница на Комисијата, со осум гласа „за“, без гласови „против“ и „воздржани“.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, посочи дека изборот на нов судија е потребен по оставката на професорот Гоце Наумовски, која Собранието ја констатирало на 20 јули 2026 година.

Ефтимовска Бојковска дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 1995 година, а за судија во Основниот суд Гостивар била избрана во 2008 година. Работела на предмети од граѓанската материја, а во периодот од 2023 до 2026 година, со одлука на Судскиот совет, била упатена во Основниот суд Тетово.

Сајкоски ја оцени како искусен судија и посочи дека предлогот е утврден во рамки на надлежностите на Комисијата.

На истата седница било разгледано и усвоено барањето на Лирим Сулејмани за остварување право на плата по престанокот на функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…