Без струја утре неколку скопски општини
Утре без електрична енергија ќе бидат дел од општините Аеродром, Сарај, Гази Баба и Сопиште, поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа. Во период од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од булевар „Видое Смилевски Бато” згради: бр, 21, бр.33 и бр.35, сите во близина на паркот – Тоше Проески во општина Аеродром. Од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Кондово, општина Сарај.
Без електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат и дел од корисниците од населбите Трубарево и Илинден, поточно објектите лоцирани околу фирмите „Рио кафе” и „Сара фешн”, во Гази Баба. Од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Нова Брезница во Сопиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…