Објавено на:

Бекер мора веднаш да оди во затвор на издржување на казната

t

Германската тениска легенда Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор поради финансиски измами и ќе мора веднаш да се упати на издржување на казната, одлучи судот во Лондон.

На Бекер му се закануваше седумгодишна затворска казна поради обид во стечајната постапка да затаи пари и лични скапоцености, вклучувајќи ги и тениските трофеи и недвижности.

Високиот суд во Лондон прогласи личен банкрот на Бекер во пролетта 2017 година, а во рамки на спогодбата германскиот тенисер беше должен да го обелодени целиот свој имот, што тој не го стори. Во време на личниот банкрот долгот на Бекер беше проценет на 50 милиони фунти.

Шесткратниот грен-слем освојувач беше обвинет по вкупно 24 точки, а прогласен за виновен по четири од нив, меѓу кои и за трансфер на пари на својата поранешна сопруга Барбара по стечајот.

– Забележително беше дека не покажавте каење или прифаќање на вината, рече при читањето на пресудата судијката Дебора Тејлор, додавајќи оти Бекер половина од казната од две години и шест месеци ќе мора да ја отслужи „зад решетки“, а остатокот условно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска е Свети рамноапостолен Методиј, архиепископ Моравски

Светиот рамноапостолен Методиј, учител словенски, и неговиот…

(Видео) Израел рано утринава го нападна Иран…

На социјалните мрежи се појавија видеа од…

ЗНАМ во Куманово ја претстави програмата „Проглас…

Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим…

Бомбардерите „Б-1Б“ на американските воздухопловни сили пристигнаа…

Два американски бомбардери „Б-1Б Лансер“ извршија рутинска…

Како Јакимовски ја гледа Македонија за пет…

Немаме наставници по математика, физика, географија и…