Беким Сали пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Олександр Мишченко

t

Министерство за европски прашања
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес пристигна во Киев за учество на Самитот Украина – Југоисточна Европа, кој се одржува по повод Денот на државноста на Украина.

По пристигнувањето во Украина, министерот Сали беше пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Олександр Мишченко, амбасадорот на Република Македонија во Украина, Димитар Блажевски, како и од претставници на Министерството за надворешни работи на Украина и други високи официјални претставници.

Учеството на првиот заменик-претседател на Владата на овој Самит претставува потврда на континуираната поддршка на Република Македонија за Украина, нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет, како и за нејзината европска перспектива.

За време на престојот во Киев, министерот Сали ќе учествува на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, каде што ќе ја реафирмира подготвеноста на Северна Македонија да продолжи со поддршката за Украина и да го сподели своето искуство и експертиза стекнати во процесот на европската интеграција.

Самитот ги обединува лидерите и високите претставници од Украина и земјите од Југоисточна Европа, со фокус на зајакнување на регионалната соработка, поддршката за Украина и унапредувањето на нејзината европска агенда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026…

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина…

Цената на електричната енергија за домаќинствата во…

Во Албанија нема веќе средна класа –…

Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…

Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник

На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…

Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…