Бектеши: Годинешното производство на пченица ќе задоволи околу 80% од потребите
Годинешното производство на пченица е околу 250.000 тони, со што ќе задоволиме 80 отсто од потребите, вели министерот за економија Крешник Бектеши.
Бектеши не очекува проблеми со увоз на жито, ниту пак со другите прехранбени производи.
– Во понеделник и во вторник имаме работни состаноци во Тирана. Сакаме земјите од Отворен Балкан заеднички да ги решаваат проблемите со храна и со електрична енергија. Секоја земја ќе споделува податоци, било да е за земјоделските производи, или за електрична енергија. Тоа значи дека иако сега имаме забрана за извоз на пченица и брашно, доколку можеме, ако некоја друга земја од Отворен Балкан има потреба, ќе и извеземе. Исто така, ќе биде и за електричната енергија. Податоците ќе се ажурираат на неделна основа – објасни Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…