Бектеши го покани Мицкоски да одат заедно во фирмата на синот на Али Ахмети, а Мисајловски и Муцунски ги прозва да одговорат за внукот

t

Министерот од редовите на ДУИ, за синот на Али Ахмети тврди дека работи во бизнис со архитектурата односно црта цртежи претежно за фирми од Швајцарија и нема поврзаност со земјава, а го повика Мицкоски заедно да ги посетат нејзините канцеларии во Кичево. За тоа како внукот на Ахмети станал економски промотор, пак, ги повика да одговара двајцата потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тврди дека тоа се случило во време кога тие биле во владата – едниот како министер за транспорт и врски, а другиот како заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска излезе со прозивки кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и двајца од потпретседателите на партијата Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, а во врска со обвинувањата кои од опозициската партија ги упатија во врска со членови на семејството на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Меѓу последните обвинувања од опозицијата беа дека синот на Ахмети, Шкумбин, заедно со двајцата внуци, Дрин и Бесијан, влегува во бизнис за изградба на фотоволтаична централа од 60 мегават-часа која ќе биде јавно-приватно партнерство со државата.

Бектеши, пак, денеска излезе со тврдења дека бизнисот на синот на Ахмети е поврзан со архитектура и се за фирми претежно од Швајцарија. Тој го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно да отидат и да проверат што работи неговата фирма во Кичево.

„Го повикувам господинот Мицкоски заедно да одиме во Кичево во канцеларијата на господинот Шкумбин Ахмети и пред медиумите заедно да видиме на што работи Шкумбин Ахмети во последните пет години. Тој има приватна фирма која се занимава со архитектура и главно сите негови проекти, повеќе од 99 отсто се за Швајцарија. Тој прави цртежи за потребите на одредени други компании во Швајцарија која нема никаква поврзаност со Република Македонија, а посебно со институциите кои бараат такви услови. Ако е храбар, од денеска кога тој има време, јас ќе ја приспособам мојата агенда со неговата, да одиме во Кичево заедно со медиумите“, рече Бектеши.

За еден од внуците на Али Ахмети, Бесиан, пак, ВМРО-ДПМНЕ минатиот период прозиваше дека тој станал прв секретар во нашата амбасада во Брисел. Од Министерството за надворешни работи (МНР) не негираа дека тој работи во амбасадата, но посочија дека таму е испратен како вработен во Економија како економски советник и ја објаснија процедурата како се стигнува до тоа.

Зошто Бесиан Ахмети е избран за економски промотор, пак, Бектеши денеска ги прозва Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски да објаснат бидејќи, според неговите тврдења, тоа се случило во време кога тие биле дел од владата – едниот како министер за транспорт и врски, а другиот како заменик-министер за информатичко општество и администрација.

„Во делот на господинот Бесиан Ахмети би ве повикал и вас медиумите, но би ги повикал и двајцата потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски. Кога тој (Бесиан Ахмети) бил избран за економски промотор на Република Македонија за земјите на Бенелукс, едниот (Владо Мисајловски) бил министер за транспорт и врски, а господинот Муцунски бил заменик-министер за МИОА и тие би требало да имаат повеќе информации како е направен изборот зашто изборот на економските промотори се прави посетувајќи ги сите институции вклучувајќи ги и МИОА и МТВ каде се земаат потписи од надлежните се со цел да станат економски промотори“, рече Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран тврди дека четири танкери биле погодени…

Иранските воени власти на 12 ноември соопштија…

(Видео) Поранешена портпаролка на Зеленски: Тој е…

Јулија Мендел, поранешната портпаролка на украинскиот претседател…

Струјата и гасот поевтини од европскиот просек,…

Во услови на продолжена енергетска неизвесност и…

Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема…

Еден сомнителен случај на морбили има во…

Последната наредба војникот Т. Славески ја доби…

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко…