Бектеши: Измена на цените на регулираниот пазар нема да има до 31 декември

t

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека измена на цените на регулираниот пазар нема да има до 31 декември.

-Во делот на поддршката на микро и малите компании кои се на регулиран пазар веќе има одлука од РКЕ која важи до 31 декември. Измена на цените на регулираниот пазар нема да има до 31 декември. Со новата одлука на РКЕ согласно податоците што ќе ги дадат ЕСМ, МЕПСО и ЕВН дистрибуција за првите шест месеци од наредната година, тогаш РКЕ ќе излезе и ќе ги каже новите цени за регулираниот пазар, а ние ќе даваме инпут преку ЕСМ со намалување на цената на производство, со намалување на одредени барања на МЕПСО, рече Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање по средбата во Стопанската комора со 10-те компании најголеми потрошувачи на електрична енергија.

Како што истакна Бектеши, РКЕ треба да ги признава барањата што ги доставува ЕВН.

-Јас сум убеден дека некои од барањата нема да се прифатат, додаде министерот. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Салиу: Сакајќи да му помогнат на министерот…

Да, можам да потврдам дека ова е…

Јакимовски: Високата корупција е приказна создадена од…

Помилување не може да добие терорист, порача…

На изборите во Македонија 88 странски набљудувачи,…

Вкупно 88 набљудувачи од странство ќе ги…

Таравари: Како претседател ќе ги помилувам осудените…

Во делот на реформите во правдата и…

Шок и неверување меѓу колегите: Пејачот од…

Мујо Хоџиќ, поранешен учесник на музичкото натпреварување…